Дома Фудбал Останато Како изгледа вилата каде што живее Роналдо со семејството (видео)

Како изгледа вилата каде што живее Роналдо со семејството (видео)

Португалската суперѕвезда Кристиано Роналдо летото 2018 година во сензационален трансфер се пресели во Италија и потпиша за Јувентус.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Роналдо има четири деца и неговото семејство е многубројно, па поради тоа потребна му беше голема вила каде ќе живее до крајот на договорот со Јувентус.

Меѓутоа, Роналдо е специфичен играч и човек, па за него се потребни поинакви услови од останатите фудбалски ѕвезди.

Откако неговиот менаџерски тим ја нашол вилата во близина на Торино, Роналдо лично го контактирал Карло Анчелоти, за детално да се распраша за животот во Италија.

Дворецот во кој претходно имаат живеено Зинедин Зидан и Фабио Канаваро, дневно чини 40.000 евра. Има три спрата, осум спални соби, затворен базен, а се простира на површина од неколку илјади квадратни метри.

Со годишна плата од преку 30 милиони евра, на Роналдо сигурно не му претставува проблем да ја плати станарината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Гринвуд си ја спасува кариерата, го сака гигант од Италија!

Мејсон Гринвуд повторно стана сензација во европскиот фудбал, но не само поради неговата и…