Дома Фудбал Останато Како гласаа Роналдо, Меси и Левандовски во изборот на најдобрите на ФИФА?

Како гласаа Роналдо, Меси и Левандовски во изборот на најдобрите на ФИФА?

ФИФА вчера го избра Роберт Левандовски за најдобар во светот за 2021 година и веќе е познато кој за кого гласал.

Португалецот Кристијано Роналдо кој вчера доби специјална награда на првото место го савил победникот Левандовски, на второто Канте, а на третото Жоржињо.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Лионел Меси кој му беше главен конкурент на Левандовски и заврши на втората позиција не гласал за полскиот голгтер. Аргентинецот на првото место го рангирал својот соиграч од ПСЖ, Нејмар, потоа Мбапе, па Бензема.

Левандовски пак гласал за Меси и го ставил на втората позиција. Најмногу поени му дал на Жоржињо, а на третото место го сместил Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Алегри не се откажува од идејата да го донесе Влаховиќ во Милан

Милан воспостави нов контакт со Душан Влаховиќ, бидејќи Макс Алегри сака повторно да работ…