Дома Трансфер зона Кавани спремен да го напушти ПСЖ: Позната причината и цената

Кавани спремен да го напушти ПСЖ: Позната причината и цената

Според пишувањето на „Ле Парисиен“, Едисон Кавани ќе го напушти Пари Сен Жермен ова лето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За Ургваецот се заинтересирани неколку екипи од Шпанија и Англија, а тој сериозно размислува за тоа да прифати една од понудите.

Како што пренесува споменатиот извор, Кавани не е задоволен од атмосферата во тимот од кога во ПСЖ пристигна Нејмар и тоа е една од главните причини поради кои сака да замине.

Да потсетиме, Кавани и Нејмар на стартот од сезоната веќе имаа проблеми околу тоа кој ќе биде прв изведувач на пеналите.

Се смета дека потенцијалниот купувач за Кавани би требало да плати сума од околу 60 милиони евра. Кој и да го купи, веројатно нема да погреши бидејќи се работи за вистински расен голгетер кој оваа сезона постигна 33 погодоци на 38 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…