Дома Фудбал Кавани проговори за инцидентот со Нејмар: Такви работи се случуваат!

Кавани проговори за инцидентот со Нејмар: Такви работи се случуваат!

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Едисон Кавани конечно проговори пред медиумите за непријатната епизода која ја имаше со Нејмар.

Двете ѕвезди на ПСЖ се скараа пред десетина дена кога Нејмар сакаше да изведе пенал, но тоа не го дозволи Кавани, земајќи му ја топката на Бразилецот.

Се појавија многу шпекулации за препукувања меѓу двајцата фудбалери, па дури и за напуштање на клубот на Кавани, но работата се смири по состанокот со раководството.

„Такви работи се случуваат во многу други клубови, само што нашиот случај непотребно доби огромен публицитет. Некој сакаше да извлече уште нешто од тоа. Ние недоразбирањата ги решивме во соблекувалната, и така треба тоа да се прави. Сека е се во ред, а најважно е што двајцата имаме иста цел. Нема да ви кажам каков однос сега имаме јас и Нејмар“, исаткна Кавани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити го следи талентот на Дортмунд: Алберт на радарот и на Челси и ПСЖ

Манчестер сити наводно има предност во трката за 17-годишниот Матис Алберт, а можниот тран…