Дома Фудбал Репрезентации Кавани го „реши“ Чиле, Уругвај од првата позиција оди во четвртфиналето (ВИДЕО)

Кавани го „реши“ Чиле, Уругвај од првата позиција оди во четвртфиналето (ВИДЕО)

0

Репрезентацијата на Уругвај изминатата ноќ го победи Чиле со 1:0 и така го освои првото место во групата Ц на Копа Америка.

Уругвајците успеаа да дојдат до првата позиција во оваа група, додека Чиле како второпласирана репрезентација ќе оди во нокаут фазата. Во судирот на старите ривали гледавме солиден меч, но се очекуваа повеќе голови.

Натпреварот на крајот беше решен со еден гол кој беше постигнат во финишот од натпреварот. Тоа се случи во 82-та минута кога Родригез запиша асистенција, а мрежата на Чиле ја погоди Едисон Кавани.

Во оваа група се сретнаа уште Еквадор и Јапонија, но беше јасно дека овие две селекции немаат шанси да поминат во следната фаза. Јапонија поведе во 15-тата минута со голот на Накајима, меѓутоа конечните 1:1 ги постави Мена Делгадо 20 минути подоцна.

Уругвај заврши на првата позиција со седум освоени бодови, додека Чиле е шести. Јапонија беше трета со два, Еквадор последен со еден освоен бод. Овие две селекции го завршија својот настап на Копа Америка.

Познато е дека двете најдобро третопласирани селекции ќе одат во четвртфиналето, но од оваа група Јапонија повеќе нема шанси да стигне до таа позиција бидејќи во овој момент пред нив се Перу и Парагвај.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

БОМБА: Реал и ПСЖ сакаат да ја „изиграат“ Барса за Нејмар!

Сагата околу евентуалниот трансфре на Нејмар е главна тема откако Бразилецот јавно потврди…