Дома Фудбал Останато Кавани: Ги одбив Јувентус и Интер!

Кавани: Ги одбив Јувентус и Интер!

Едисон Кавани ова лето на „Олд Трафорд“, пристигна како слободен играч, откако му заврши договорот со ПСЖ.

Уругваецот призна дека пред да  потпише договор со Манчестер јунајтед, ги одбил понудите на Јувентус и Интер, а причина за тоа е љубовта кон Наполи.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


На мурал во Неапол, насликан во чест на Диего Марадона, ликот на Кавани се наоѓа заедно со другите легендарни фудбалери на Наполи.

„Го видов Муралот. Тоа е уште еден доказ за љубовта што луѓето во Неапол ја чувствуваат кон мене. Тоа нема никогаш да го заборавам. Емоциите се поголеми бидејќи ова им се допаѓа на моите деца. Можам само да кажам дека вечно ќе им бидам благодарен на навивачите. Поради ова одбив бројни понуди на италијански клубови, меѓу кои и понудите на Јувентус и Интер“, истакна Кавани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челси го доведе пред шест месеци, а сега го продава откако одигра само 22 минути

Само шест месеци по трансферот на Матијас Амугу во клубот за 15 милиони евра од Сент-Етјен…