Дома Трансфер зона И Џеко на „радарот“ на Монца!

И Џеко на „радарот“ на Монца!

Трансфер пазарот е на големо отворен, така е и во Италија, а еден од оние кои би можеле да ја променат средината во наредниот период е Един Џеко, барем според медиумите во Италија.

Џеко моментално е играч на Интер и има статус на „сигурен“ кај Нероаѕурите, но без разлика на тоа, италијанските медиуми продолжуваат да шпекулираат за иднината на капитенот на Босна и Херцеговина.

Денес пристигнува по малку изненадувачка вест за евентуалниот трансфер на Џеко.

„Тутоспорт“ и „Кориере дело Спорт“ наведуваат дека управата на клубот Монца се вклучила во игра за доведувањето на напаѓачот, со тоа што и Џеко ќе треба да се согласи на намалување на платата.

На чело на Монца се Силвио Берлускони и Андреа Галијани. Познатиот тандем се обиде да го донесе Џеко во Милано пред 13 години, но тогаш немаа успех. Луѓето кои го направија Милан светски гигант ќе се обидат повторно да го исполнат стариот сон, но очигледно ќе биде многу тешко да се донесе популарниот „Дијамант“.

Инаку, Монза во последните денови се поврзува со уште познати имиња, пред се Паоло Дибала и Мауро Икарди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Конте во Тотенхем „отпишал“ четворица играчи кои вредат 100 милиони евра

Медиумите на Островот пренесуваат дека раководството на Тотенхем испратило порака до четво…