Дома Фудбал И четвртот судија се поигруваше со Венгер

И четвртот судија се поигруваше со Венгер

Менаџерот на Арсена, Арсен Венгер е незадоволен од односнот на четвртиот судија кон него за време на финалето од Лига Купот.

На крајот на натпреварот, кога „топџиите“ губеа со 3:0, Грем Скот крена дополнително време од 3 минути, што не му се допадна на Венгер.

„Го прашав зошто дава толку малку продолжение, а тој ми одговори: „Зошто ти е повеќе?“, откри Венгер и продолжи:

„Независно дали ти се допаѓа, или не, не си ти кој што решава колку да биде дополнителното време. Едноставно треба да биде адекватно на загубеното време“.

Освен за дополнителното време, Венгер ги обвини судиите дека вториот гол на Манчестер Сити бил постигнат од офсајд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од мундијалски бараж до година без победа: тежок биланс за Македонија

Македонската сениорска селекција ја завршува 2026 година со две ремија и осум порази. Седу…