Лианџело Бол и официјално стана нов кошаркар на Шарлот Хорнетс.
Тој потпиша двоен договор и според истиот Хорнетси ќе мора да го користат најмногу 45 дена во НБА лигата, сезоната ќе ја започне во развојната „Џи-Лига“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во тимот на Мајкл Џордан Лианџело ќе се приклучи на неговиот брат Ламело Бол. Треба да се напомене дека во најсилната лига е Лонѕо Бол кој е дел од Чикаго Булс.
Ќе потсетиме, Линаџело пред три години играше во Скопје. Tогаш беше дел од циркузантскиот тим на неговиот татко, кој настапуваше ширум светот во склоп на своевидно реалити-шоу и кој одигра меч против најтрофејниот македонски кошаркарски колектив во ко беа поразени со 122-127. Тогаш беше објавено и видео во кое се критикуваат условите во салата на Работнички.