Дома Топ вести И тоа се случи: ФФП го спречува ПСЖ да купи нова ѕвезда

И тоа се случи: ФФП го спречува ПСЖ да купи нова ѕвезда

Фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен негираше дека се обидел да го доведе играчот за врска на Тотенехм, Кристијан Ериксен.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Британските медиуми пишуваа дека од ПСЖ испратиле понуда во износ од 100 милиони фунти за 26 годишниот Данец кој на „Вајт Харт Лејн“ пристигна во 2013 година од редовите на Ајакс.

Сепак, клубот на последната прес-конференција ги негираше гласините за потенцијалниот трансфер на Ериксен.

Клубот додаде и дека според нив таквите информации ја „игнорираат моменталната состојба на трансфер пазарот“.

Поради правилата на ФФП (финансискиот фер-плеј), клубот сега не може многу да троши, а тренерот Тухел истакна дека приоритет е доведување на лев и бек и играч за врска.

Медиумите шпекулираат дека поради УЕФА и ФФП наредното лето ПСЖ ќе биде приморан да продаде еден од Нејмар и Килијан Мбапе, но засега тоа изгледа малку веројатно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…