Дома Фудбал Репрезентации И Матиќ згрме на ФС Србија: Бара Видиќ да биде претседател

И Матиќ згрме на ФС Србија: Бара Видиќ да биде претседател

Минатата недела силно згрме Немања Видиќ кој испрати големи критики за Фудбалскиот сојуз на Србија, денес каде што застана тој продолжи Матиќ.

Матиќ се огласи преку соопштение до српските медиуми и порача дека само доаѓање на Немања Видиќ на чело на Фудбалскиот Сојуз на Србија може да ги реши сите проблеми. Треба да се потсети и дека Матиќ неодамна се прости од репрезентацијата, па и тоа беше една од темите.

„Пред почетокот на квалификациите за ЕП на сојузот укажав на некои работи кои можат да не чинат пласман на ЕП. Им кажав дека ако работите не се променат ќе налетаме на некоја мала сериозна репрезентација која ќе ја наполни нашата мрежа (се случи Украина 5:0). Исто така кажав дека нема да се пласираме и преку Лигата на нации. Моите совети не бе прифатени, па се почувствував отфрлено и не сакав да пречам, ниту да учествувам во сето тоа“.

Го бара Видиќ на чело на ФСС.

„Сметам дека со неговата работа, чесност, фудбалско знаење , професионализам, посветеност на фудбалот…Способен е да не одведе во врвот на Европа. Соседите можат да се пофалат дека ги имаат своите најголеми легенди на чело на сојзуот, зошто ние да не го направиме истото. Големиот Немања Видиќ на чело на ФСС, солзи ми течат кога помислувам дека ова е реалност. Немања би ја вратил фудбалската надеж на цела Србија, народот ќе се врати на стадион да навива за својата земја. Сигурно нема да има потреба да делиме бесплатни карти и да молиме луѓето да доаѓаат на стадион (ФСС знае за што зборувам)“, стои помеѓу другото во соопштението на Матиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

„Играчите со диктатор како Мурињо се однесуваат како овци“

Поранешниот фудбалер на Ливерпул Стен Колмор го нарече Жозе Мурињо диктатор. Колмор денес …