Кристиано Роналдо ова лето стана дел од тимот на Јувентус, а по стапките на својот славен татко тргна и синот на Португалецот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Осумгодишниот Кристиано Жуниор започна да тренира и игра за генерацијата 2010 година на италијанскиот шампион.
Синот на Роналдо на тренинзите бил забележан во друштво на неговата мајка Георгина Родригез.
Освен Роналдо дел од академијата на Јувентус се синовите на Андреа Брзаљи и Клаудио Маркизио кој многу веројатно ќе го напушти клубот заедно со неговиот татко.
Роналдо за својот син има само пофални зборови и е убеден дека може да го наследи.
„Ќе биде како мене, во тоа сум 100% сигурен. Ист е како и јас кога бев дете – не сака да губи“, изјави Роналдо.
