Дома Фудбал И „ЕСПН“ тврди: Готово е, избран е новиот тренер на Барселона

И „ЕСПН“ тврди: Готово е, избран е новиот тренер на Барселона

Состанокот на челниците на Барселона е во тек веќе три часа, а јавноста е во исчекување на одлуката или одлуките кои ќе бидат донесени.

Хозе Марија Бартомеу ги собра сите членови на раководството после бламажата во Лигата на шампионите. Иако навивачите сакаат и Бартомеу да замине, тој ќе се обиде да ги исправи работите.

Првиот чекор ќе биде промена на тренерот. Клубот денес треба и официјално да го потврди отказот на Сетиен, а според информациите и веднаш ќе биде именуван нов стратег.

И вчера се најавуваше, а денес и реномираниот „ЕСПН“ тврди дека Роналд Куман ќе биде човекот кој ќе го наследи Сетиен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На Челси му се истенчи трпението: Фофана и Густо пред излезна врата?

По елиминацијата од Ливерпул во Лига купот, се појавија информации дека Челси размислува з…