
Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе дојде до нов успех во трките на ридски патеки.
Иџе победи во својата група од шампионатот кој се одржуваше во Хрватска. По победата испрати моќна порака на социјалните мрежи.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
„Македонијо, ова е за тебе! Победник во Европскиот шампионат на ридски патеки во Група 1! Овој успех не е само мој, туку на цела држава. Благодарност до сите кои беа со мене низ овој пат, до мојот неверојатен тим, тимот на Ферари, до моите спонзори и до сите вас кои ни давате безрезервна подршка во сето ова“, порача Иџе.