Медиумите во Италија објавија вест дека постои можност баражот Италија – Македонија да се игра на неутрален терен.
Имено, поради таканаречниот супер „green pas“ бараж дуелот би можел да не се игра во Палермо туку домаќин да биде друга земја. Во италијанските медиуми се пишува дека поголем дел од македонските репрезентативци се вакцинирани со руската вакцина „Спутник“, а таа не е призната од Европската унија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Затоа најавите се дека Италија и Македонија би можеле да играат на неутрален терен. Меѓутоа Италијанците споменуваат и едно малку веројатно сценарио, а тоа Македонија службено да биде исклучена и Италија да оди во финалето. Сепак, вакво нешто реално тешко може да се очекува.