Дома Топ вести Италијанците откриваат: Познат е калчолигашот кој е најблиску до Несторовски!

Италијанците откриваат: Познат е калчолигашот кој е најблиску до Несторовски!

Maкедонскиот напаѓач Илија Несторовски се наоѓа на излезни врати од Палермо.

Иако одлуката за исфрлање на Палермо во Серија Ц беше поништена сепак се очекува Несторовски да го напушти Палермо.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според италијанските медиуми најголем интерес за Несторовски во овој момент покажа Лече кој се пласираше во најсилната италијанска конкуренција.

Лече се спрема за враќањето во елитата, а Несторовски е еден од играчите кои ги задоволува критериумите на овој клуб. Покрај него интересен за Лече е и Андреа Рисполи, уште еден соиграч на Несторовски од Палермо.

Италијанците наведуваат дека Несторовски има понуди и надвор од Италија, но дека Лече во овој момент е најблиску.

Несторовски зад себе има три добри сезони во Палермо. Во сезоната 2016/2017 кога клубот од Сицилија испадна од Серија А Несторовски постигна 11 голови, во сезоната 2017/2018 13 пати се запиша во листата на стрелци, а во минатата 15.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…