Дома Фудбал Италија Италијанците збунети: Зошто Инзаги се одлучи Санчез да шутира пенал?

Италијанците збунети: Зошто Инзаги се одлучи Санчез да шутира пенал?

Фудбалерите на Интер беа елиминирани во осминафиналето од Лигата на шампионите од Атлетико Мадрид.

„Нероаѕурите“ по слабото изведување на пенали беа поразени од Атлетико Мадрид, а денеска во Италија се занимаваат со одлуката на Симоне Инзаги, Алексис Санчез да биде еден од изведувачите.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


За Интер покрај Санчез на белата точка застанаа: Чалханоглу, Класен, Ачерби и Лаутаро Мартинез. Тројца од нив (Санчез, Лаутаро и Класен) не реализираа. .

Дискутабилен е изборот на Санчез, бидејќи Чилеанецот е лош изведувач на пенали, што јасно покажува и статистиката.

Искусниот 35-годишен фудбалер во кариерата изведе 21 пенал, а погоди само 10, односно помалку од половина. Санчез до лани имаше катастрофални 4/13, но во последната година го подобри учинокот и реализираше 6/7 од последните пенали, пред оној од вчерашниот натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Милевски откри од кои фудбалери очекувал повеќе денеска

Македонската фудбалска репрезентација денеска одигра само реми против Фарски Острови (1:1)…