Дома Фудбал Италијанците едвај го чекале фудбалот: Натпреварот Јувентус – Милан рушел рекорди во гледаност!

Италијанците едвај го чекале фудбалот: Натпреварот Јувентус – Милан рушел рекорди во гледаност!

Фудбалот во Италија вчера конечно продолжи после паузата од три месеци поради пандемијата со коронавирусот.

Сезоната во Италија се продолжи со реваншот од полуфиналето во купот помеѓу Јувентус и Милан. Во вчерашниот натпревар голови не видовме, а во финалето помина Јувентус поради голот на гости во првата средба (1:1).

Љубителите на фудбалот во Италија едвај чекаа сезоната да продолжи, иако натпреварите се играа пред празни трибини. Вчерашниот натпревар се пренесуваше во целата држава, а интересот беше неверојатен.

Италијанските медиуми пишуваат дека дури 8.2 милиони гледачи ширум земјата го гледале натпреварот, секако се работи само за територијата на Италија.

Тоа најдобро покажува колку луѓето се желни за фудбал и уморни од ситуацијата со коронавирусот. Реваншот од второто полуфинале се игра вечерва и во него ќе се сретнат Наполи и Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новата генерација на Македонија У21 на проверка во Нови Сад со 24 фудбалери

Александар Таневски избра 24 играчи за контролата со Србија на 12 ноември. Дуелот е насоче…