Дома Фудбал Историја: 15-годишник дебитираше во Премиер лигата 🎥

Историја: 15-годишник дебитираше во Премиер лигата 🎥

Арсенал продолжи со добрите резултати и славеше рутинска победа на гостувањето кај Брентфорд.

Меѓутоа, мечот ќе остане запаметен бидејќи во игра влезе 15-годишник и со тоа стана најмладиот дебитант во историјата на англиската елита.

Етан Нванери влезе да ги одигра последните минути и Артета му дозволи неговото име да биде запишано во историјата на Премиер лигата, бидејќи дебитираше со 15 години и 181 денови.

Рекордот претходно му припаѓаше на Харви Елиот,  кој дебитираше со 16 години и 30 дена.

Минатата сезона, на негови 14 години дебитирал во тимот на Арсенал до 18 години и од оваа сезона игра за тимот до 21 година, а денес дебитираше во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тешко повреден водачот на албанските навивачи: Погоден во око, го чека нова операција

Ерјон Вишкули, кој ја предводи групата „Тифозат Куќ е Зи“, е хоспитализиран по протестите …