Дома Фудбал Репрезентации Историја: Гибралтар победи на три натпревари во низа

Историја: Гибралтар победи на три натпревари во низа

Фудбалската репрезентација на Гибралтар продолжи да покажува дека знае фудбал и да пишува историја.

Денес оваа репрезентација го победи Лихтенштајн со 0:1 и тоа за оваа селекција беше трета победа во низа. Во еден натпревар во кој немаше многу шанси Гибралтар до победата дојде со голот на Ти-Џеј Де Бар кој постигна гол во 10. минута од натпреварот. Треба да се спомене и дека голманот на Гибралтар, Голдвин беше одличен и на неколку пати го спаси својот гол со одлични интервенции.

Како што споменавме за Гибралтарците ова беше трета победа во низа, претходно ги победија Луксембург во пријателски меч со 2:1 и Сан Марино (2:0). Гибралтар во својата група е лидер со две победи и најавува промоција воЛига Ц.

Во вториот меч од Лигата Д, Фарски Острови и Летонија одиграа 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Вергара на прагот на дебито за Италија против Франција

Антонио Вергара може да го направи своето деби за Италија во Париз, додека Ди Лоренцо ќе о…