Селекторот на Холандија, Роналд Куман истакна дека е шокиран од учинокот на репрезентацијата на Холандија во првата недела по враќање на чело на националниот тим и дека е потребно драстично подобрување.
Во првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2024 година, Холандија беше поразена од Франција со 4:0, а потоа во понеделеникот со слаба игра го доби Гибралтар со 3:0.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Мораме да се поправиме, шокиран сум од она што го видов. Навистина мора подобро. Беше ова лоша недела, многу играчи се разболеа. Доживеавме дебакл против Франција, а ниту против Гибралтар не бевме на ниво. Наскоро ќе мора да бидеп одобро.
Никогаш не сум имал вака тешка недела како селектор како сега и се надевам дека нема да се повтори“, изјави Куман.