Дома Македонски спорт Мак фудбал Историски момент: Вечерва за првпат во македонскиот фудбал ќе се користи ВАР

Историски момент: Вечерва за првпат во македонскиот фудбал ќе се користи ВАР

ВАР технологијата за прв пат ќе се користи во македонскиот фудбал на финалето од Купот на Македонија меѓу екипите на Тиквеш и Воска Спорт. Двата тима вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ од 19:00 часот ќе се борат за својот прв трофеј на 31-то финале од Купот на Македонија.

Фудбалската федерација на Македонија доби дозвола од ФИФА за употреба на видео технологија за евентуален преглед на судиските одлуки, а на техничкиот состанок на кои присуствуваа официјалните лица одредени за финалето од Купот на Македонија и претставници на екипите – финалисти беа споделени сите детали околу употребата на ВАР технологијата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Воведувањето на ВАР технологијата е дел од програмата на Фудбалската федерација на Македонија, а овој проект го започнуваме од финалето во Купот на Македонија. Ги следиме сите потребни чекори и подготвивме проектен план со цел да го имплементираме и на натпреварите од Прва МФЛ. Исто така, го следиме и строгиот протокол воведен од ФИФА и ИФАБ. Ќе почнеме да ја користиме ВАР технологијата дури кога ИФАБ ќе ни потврди дека инфраструктурата, технологијата и судиите кои ја користат се целосно подготвени. Се надеваме дека во следната сезона ќе можеме да имплементираме ВАР технологија на натпреварите во МФЛ. Најважно е грешките да се намалат и елиминираат, но важно е да се запамети дека судијата на теренот сепак одлучува сè, а технологијата само му помага да ги погледне деталите“, изјави Игор Франговски, претседател на Комисијата за натпреварување во ФФМ и делегат на вечерашното финале во Купот на Македонија. 

Главен судија на финалето од Купот на Македонија меѓу Тиквеш и Воска Спорт е Александар Ставрев. Дејан Костадинов и Куштрим Лика се негови помошници. Јован Качевски е четвртиот судија. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шок за навивачите на Барселона: Капитенот го изгубил трпението и заминува!?

Капитенот на Барселона, Серхи Роберто повеќе не сака да ја чека Барселона и одлучил да го …