Дома Македонски спорт Мак ракомет Историска победа на Еурофарм во ЛШ!

Историска победа на Еурофарм во ЛШ!

Екипата на Еурофарм Работник славеше со резултат 31:30 против Кокс од Финска и ја запиша првата победа во Лигата на шампиони, во четвртото коло.

Еурофарм беше голем фаворит во овој меч и така го почна натпреварот, се одлепи уште на стартот, беше 7-3, таквата предност ја одржа до крајот на првото полувреме кое го доби со 17:13.

Во второто полувреме падна играта на „фармацевтите“, па на дваесет минути пред крајот резултатот беше 20:20. На крајот Никола Митревски со две одлични одбрани беше херојот во завршницата за победа на Еурофарм Работник од 31:30.

Најдобар стрелец кај домашните беше Остроушко со осум голови, пет беа дело на Ојлески, а четири запиша Граџан

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар не менува ништо: Против Монпелје со публика!

Вардар не го следи примерот на кошаркарската и фудбалската федерација натпреварот против М…