Дома Топ вести Испробан рецепт: Барса наследникот на Суарез го купува од Ливерпул

Испробан рецепт: Барса наследникот на Суарез го купува од Ливерпул

Барселона одлично ја отвори сезоната, но потоа западна во криза и со серија од четири меча без победа го загуби лидерското место.

Работите во Барса не одат по предвидениот так, а една од причините е лошата форма на голгетерот Луис Суарез. Иако е стандарден Уругваецот до сега постигна само три гола, па на „Камп Ноу“ веќе размислуваат за негова замена.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Суарез веќе има 31 година, па во Барселона знаат дека ќе мораат да му најдат адекватна замена, бидејќи се чини дека Уругваецот веќе ги одигра своите најдобри партии за каталонскиот клуб.

Како што пренесуваат шпанските медиуми Барса замената за Суарез ја пронашла токму во неговиот поранешен клуб Ливерпул.

Имено, Каталонците се силно заинтересирани за Роберто Фирмињо и сметаат дека ќе биде идеална замена за Луис Суарез.

Сепак, тоа ќе биде тешка мисија за Каталонците бидејќи Фирмињо има договор со Ливерпул до 2023 година, а „црвените“ нема така лесно да се откажат од Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…