Дома Трансфер зона Иско не ги мина лекарските прегледи во Унион Берлин

Иско не ги мина лекарските прегледи во Унион Берлин

Поранешниот играч на Реал Мадрид, Иско денес пристигна во Берлин да го комплетира трансферот во Унион Берлин.

Договорот беше комплетно постигнат, па се очекуваше само официјална потврда, но се појавија проблеми.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Имено, Иско не ги минал во целост лекарските прегледи во германскиот клуб, па Унион Берлин веднаш ги променил условите за трансферот.

Сега трансферот е пред пропаѓање, па Шпанецот ќе треба да се согласи на нови услови за да го облече дресот на Унион Берлин. Меѓутоа, информациите од Германија тврдат дека трансферот е официјално пропаднат.

Лекарските прегледи покажале дека Иско има повреда, која може долго да го извади надвор од терените.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…