КАМЕРУН се спаси од испаѓање со победата од 3:2 против Гамбија во неверојатен натпревар од 3.коло од групата Ц на Купот на нации и се пласираше во нокаут фазата на натпреварувањето.
Еден од фаворитите за титулата беше во безизлезна ситуација, но во луда завршница сепак успеа да победи.
Камерун во последното коло влезе со само еден бод, а Гамбија немаше ниту еден. На двајцата им беше потребна само победа за да го продолжат натпреварувањето, а Камерун поведе во 56. минута со прекрасниот гол на Токо Екамби.
Сепак, Гамбијците не се предадоа и во 72. минута израмнија преку Џалоу за сензационално водство на пет минути пред крајот по фантастичната акција и голот на Коли.
Тоа беа првите два гола за Гамбија на целиот турнир и се чинеше дека ќе направат сензација, но Гомез на три минути пред крајот израмни на 2:2. Камерун тргна на победата и гол постигна во 91. минута кога Ву со глава погоди за 3:2.
Во третата минута од судиското надополнување, Сане, во стилот на Марадона, постигна гол со рака за 3:3, но ВАР му го поништи голот и Камерун преживеа.
Претседателот на фудбалскиот сојуз на Камерун, Самуел Ето, на нозе го следеше натпреварот во ВИП ложата, а потоа се симна во соблекувалната. Ги прегрна сите играчи, а потоа заплака. Камерун во осминафиналето ќе игра против Нигерија.
Samuel Eto'o got emotional with his boys’ comeback! 🫶 #TotalEnergiesAFCON2023 l @FecafootOfficie pic.twitter.com/pDw8sfDbHD
— CAF (@CAF_Online) January 23, 2024