Дома Трансфер зона Интер ја следи ситуацијата со Марио Геце

Интер ја следи ситуацијата со Марио Геце

0

Интер значително се засили во летниот преоден рок, но раководството веќе почна да работи на нови трансфери.

Како што пренесуваат италијанските медиуми претставници на Интер имале разгвор со агентот на Марио Геце и сакаат да го донесат во своите редови.

„Нероаѕурите“ сакаат да го донесат Германецот на „Џузепе Меаца“ следното лето како слободен агент, бидејќи истекува неговиот договор со Борусија Дортмунд.

„Милионерите“ и фудбалерот не можат да се договорат за продолжување на соработката, па Интер сака да ја искористи таквата ситуација.

Геце во двата наврати за Борусија Дортмунд запиша 200 настапи до сега и постигна 42 гола. Притоа стана херој на нацијата кога со својот гол и ја донесе светската титула на Германија во 2014 година.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Рабио само што пристигна во Јувентус, а веќе размислува за заминување

Францускиот фудбалер, Адриен Рабио ова лето потпиша за Јувентус каде што пристигна како сл…