Дома Трансфер зона Се враќа ли Марио Геце на големата сцена?

Се враќа ли Марио Геце на големата сцена?

Марио Геце има само 29 години, а веќе на некој начин е надвор oд најголемата сцена носејќи го дресот на холандски ПСВ.

Секако дека ПСВ е одличен клуб, но тоа е клуб кој е далеку од реномето на Баерн и Борусија, иако клубот од Ајндховен успеа да обезбеди квалификации за Лигата на шампионите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа во елитното натпреварување Геце би можел да игра за друг клуб. Според последните информации интерес за Геце покажала португалска Бенфика, Германецот бил желба на тренерот Роџер Шмит.

Покрај Бенфика низ некои медиуми Геце се поврзува и со Милан што секако е попримамлива дестинација, посебно затоа што Милан со освоеното Скудето го обезбеди местото во Лигата на шампионите, додека Бенфика како и ПСВ треба да помине квалификации. Според информациите Геце има откупна клазула од само пет милиони евра, а тоа е сума која не би требало да биде проблем.

Во изминатата сезона Геце постигна 12 гола и подели 11 асистенции на сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Леао за 120 милиони во Премиер лигата

Манчестер Сити е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесуваа…