Дома Трансфер зона Интер треба да се осободи од двајца напаѓачи за да го донесе Дибала

Интер треба да се осободи од двајца напаѓачи за да го донесе Дибала

Преговорите помеѓу Интер и Пауло Дибала се во застој, особено откако „нероаѕурите“ постигнаа договор за враќање на Лукаку во Милано.

Во моментов Интер не може да си ја одволи и платата на Пауло Дибала, иако Аргентинецот е слободен агент и не треба да се плаќа обештетување.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Италијанските медиуми тврдат дека „нероаѕурите“ најпрво треба да се ослободат од Санчез и Џеко, кои исто така имаат високи плати, па потоа ќе го финализираат договорот со Дибала.

Аргентинецот е фрустриран од целата ситуација бидејќи неговиот агент преговара долго време со Интер, кој пак му даде предност на Лукаку.

Дибала е спремен да слушне понуди од други клубови, но проблем за него е што моментов единствен друг клуб кој покажува интерес е Севиља, а тоа не е дестинација која му се допаѓа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…