Дома Трансфер зона Интер со две засилувања во јануари ќе го „брка“ Скудетото?

Интер со две засилувања во јануари ќе го „брка“ Скудетото?

Интер изгуби во дербито против Јувентус со 2:1 и можеше да се забележи дека на „нероаѕурите“ се уште се ниво под бранителот на тронот во Италија.

Посебно проблем за Интер е „тенката“ клупа. Интер парираше одлично на Јувентус, меѓутоа кога Сенси се повреди забележителен беше падот во нивната игра.

Поради тоа „Газета дело Спорт“ пишува дека Антонио Конте побарал две засилувања во зимскиот преоден рок кој следи.

Наводно Италијанецот побарал да му бидат донесени Иван Ракитиќ и Артуро Видал од Барселона. Двајцата не се стандардни кај Валверде, па се смета дека Интер има шанси да ги доведе во наредниот преоден рок.

Исто така се споменува дека Марио Манџукиќ би можел да биде нивно засилување, но засега Хрватот е најблиску до преселба во Манчестер Јунајтед.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Лацио се засилува со ѕвезда од Ливерпул

Лацио игра фантастична сезона и се бори за Скудетото, но раководството работи за додатно д…