Дома Фудбал Италија Интер покажува интерес за Покетино

Интер покажува интерес за Покетино

Маурисио Покетино е еден од најбараните тренери, бидејќи е слободен после отказот кој го доби во Пари Сент Жермен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Последен клуб кој се вклучи во трката за неговиот потпис е милански Интер, кој не е задоволен од работата на Симоне Инзаги.

„Нероаѕурите“ влегоа во резултатска криза и го доведоа во прашање пласманот во Топ 4, па Интер сериозно размислува за тренерска смена.

Меѓу варијантите за нов тренер на миланскиот гигант е и Маурисио Покетино, за кого интерес покажуваат уште Реал Мадрид и Челзи.

Сепак, „нероаѕурите“ тешко ќе се изборат со оваа конкуренција, особено поради фактот што имаат финансиски проблеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Монако ја раскина соработката со Пол Погба

Фудбалскиот клуб Монако соопшти дека по договор го раскинал договорот со поранешниот франц…