Фудбалерот на Интер, Далберт Енрике вечерва доживеа тешка повреда.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Интер вечерва во пријателски натпревар му гостува на Шефилд Јунајтед и на почетокот на натпреварот останаа без десниот бек кој после еден тежок дуел остана да лежи на тревникот.
Неколку минути му се укажуваше лекарска помош, за потоа на носилки да биде изнесен надвор од теренот.
Овој 24 годишен бразилски фудбалер во Интер е од минатото лето, а тренерот Лучијано Спалети вечерва му даде шанса од првата минута.
Информации за каква повреда се работи се уште нема, иако во прв момент воопшто не изгледаше добро.