Интер е во потрага по квалитетен напаѓач во зимскиот преоден рок, а на списокот се две имиња, пренесуваат италијанските медиуми.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Симеоне сака да донесе напаѓач кој ќе може да биде алтернатива за Џеко, бидејќи Кореа не е таков профил, а Санчез е се почесто надвор од терените.




Прво име на списокот е Лука Јовиќ, кој е на излезна врата од Реал Мадрид. Интер наводно почнал преговори со Реал Мадрид за позајмица на напаѓачот со право на откуп следното лето.




Втората опција е Андреа Белото од Торино, кој на крајот на сезоната ќе биде слободен агент. „Нероаѕурите“ се спремни да платат симболична сума и да го доведат „Петелот“ во јануари на „Џузепе Меаца“.




Италијанските медиуми пренесуваат дека еден од овие двајца напаѓачи во јануари сигурно ќе пристигне во Милано.