Дома Трансфер зона Интер не застанува, договори уште едно засилување!

Интер не застанува, договори уште едно засилување!

0

Раководството на Интер засилено рабори на засилување на тимот за следната сезона, иако актуелната се уште не е завршена.

„Нероаѕурите“ веќе договорија три засилувања за следната сезона, Де Вриј, Асамоа и Лаутаро Мартинез, а италијанските медиуми пренесуваат дека на пат е и четвртото засилување.

Наводно веќе е постигнат договор со Аталанта за трансфер на Јосип Иличиќ за кого Интер ќе му отстапи двајца младинци на тимот од Бергамо.

Договорот е веќе постигнат, Иличиќ се очекува следната недела да пристигне во Милано на медицински прегледи, а потоа и да стави потпис на договорот.

Словенецот има големо искуство во Серија А каде уште настапуваше за Палермо и Фиорентина, а во тимот на Спалети ќе биде алтернатива за Кандрева и Перишиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Трансфер зона

Проверете

БОМБА: Милан го „краде“ Мората пред носот на Јувентус

Италијанските медиуми лансираа „бомба“ и тврдат дека Алваро Мората е главна трансфер цел н…