Дома Трансфер зона Интер на шопинг во Париз!

Интер на шопинг во Париз!

На „Џузепе Меаца“ ова лето пристигнаа четири нови играчи, станува збор за младите Николо Занило и Јенс Одгард, потоа дефанзивецот Милан Шкриниар и искусниот голман Даниеле Падели.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Денес на прегледи во Милано пристигна и Борха Валеро кој до крајот на денот и официјално треба да стане играч на Интер за 7 милиони евра (5,5+1,5).

Сепак, тоа е само почеток и „нероаѕурите“ допрва спремаат големи трансфери, а италијанските медиуми пренесуваат дека наскоро би можел да стигне десниот бек на ПСЖ, Серж Орие.

Брзоногиот фудбал од Брегот на слоновата коста е на радарот уште на Јувентус, Тотенхем и Барселона, но медиумите тврдат дека Интер е спремен да ја победи конкуренцијата.

Покрај Орие, Интер е заинтересиран и за уште неколку фудбалери на ПСЖ, како Адриан Рабио, Лукас Мура и Анхел ди Марија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…