Дома Трансфер зона Интер и Јувентус се „тепаат“ за напаѓач од Бундеслигата

Интер и Јувентус се „тепаат“ за напаѓач од Бундеслигата

Италијанските гиганти Јувентус и Интер водат голема битка на трансфер пазарот за напаѓач од Бундеслигата.

Двата клуба се во потрага по класичен напаѓач и медиумите шпекулираа со имиња како Милик, Жиру и Љоренте.

Најновото име во списокот на италијанските гиганти е напаѓачот на Херта, Матеус Куња, кој оваа сезона блеска во Бундеслигата.

23-годишниот Бразилец оваа сезона на 16 меча постигна 15 гола и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Херта минатата година за неговиот потпис плати 18 милиони евра, а неговата цена во моментов е двојно поголема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Италијанските гиганти се борат за потписот на ѕвездата на Порто

Италијанските гиганти Милан и Јувентус се силно заинтересирани за ѕвездата на Порто, Отави…