Дома Фудбал Останато Интер и Севиља играат „лудо“ финале, четири гола за едно полувреме?

Интер и Севиља играат „лудо“ финале, четири гола за едно полувреме?

Интер и Севиља го играат едно од највозбудливите финалиња во Лига Европа и веќе во првото полувреме видовме четири гола (2:2).

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Уште во 3-та минута Лукаку како „брз воз“ го претрча Диего Карлос, кој го фаулираше во казнатиот простор, а судијата покажа на белата точка.

Лукаку беше прецизен од белата точка, му донесе водство на Интер со својот 34 гол сезонава.

Меѓутоа, Севиља брзо се врати во игра и веќе во 12-та минута успеа да го израмни резултатот преку Де Јонг.

Во 34-та минута истиот играч погоди за комплетен пресврт на тимот од Андалузија откако со глава го матира Хандановиќ после еден центаршут од слободен удар.

Само една минута подоцна на идентинеч начин погоди Годин за 2:2, резултат со кој се замина на полувреме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Петиција против Мбапе го руши интернетот: Повеќе од 10 милиони луѓе бараат моментален отказ

На социјалните мрежи се појави масовна онлајн петиција каде навивачите на „кралскиот клуб“…