Дома Трансфер зона Интер и Милан го сакаат дефанзивецот на Челзи

Интер и Милан го сакаат дефанзивецот на Челзи

Миланските гиганти Интер и Милан се силно заинтересирани за младиот дефанзивец на Челзи, Тревор Чалоба, пренесуваат италијанските медиуми.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Примарна цел на Интер во летниот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец кој ќе го замени Милан Скриниар.

„Нероаѕурите“ веќе ја почнаа потрагата, а најново име на списокот е дефанзивецот на Челзи, Тревор Чалоба.

Чалоба е младински репрезентативец на Англија, може да игра на повеќе позиции во одбраната и поради тоа е голема желба на миланските гиганти.

Цената на Чалоба во моментов изнесува помеѓу 20 и 25 милиони евра, а и тој самиот потврди дека е заинтересиран за преселба во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…