Дома Топ вести Интер и Манчестер Јунајтед спремаат спектакуларна размена?!

Интер и Манчестер Јунајтед спремаат спектакуларна размена?!

Иван Перишиќ повторно се наоѓа на радарот на Жозе Мурињо. Тренерот на Манчестер Јунајтед сака во следниот преоден рок да го донесе хрватскиот офанзивец, јавува Качомеркато.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Изминатото лето Интер одби 33 милиони евра од англискиот клуб. Тогашниот предводник на Интер, Лучиано Спалети одби да го продаде Перишиќ, но Калчомеркато јавува дека сега би можел да ја промени одлуката и да не се противи да го продадат.

Би можело да дојде дури и до голема размена, со оглед на тоа дека Интер сака еден играч кој е во редовите на Жозе Мурињо. Во миланскиот клуб би сакале да го доведат Антони Марсијал, а најлесен начин за тоа гледаат во размената во која во Манчестер би заминал Перишиќ.

Оваа сезона Перишиќ постигна 11 погодоци покрај 10 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…