Дома Трансфер зона Интер испратил нова понуда за Лукаку: Ќе биде ли доволна?

Интер испратил нова понуда за Лукаку: Ќе биде ли доволна?

Интер денес ја испратил веројатно последната понуда за Ромелу Лукаку, барем ако им веруваме на медиумите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Белгискиот напаѓач е главна желба на тренерот на Интер, Антонио Конте. Преговорите помеѓу двата клуба траат веќе долго, а тимот од Милано денес испратил нова понуда.

Наводно, последната понуда од Интер за Лукаку изнесува 83 милиони евра, меѓутоа и тоа не е понуда колкава што бара клубот од „Олд Трафорд“. Манчестер Јунајтед за Лукаку бара шест повеќе – 89 милиони евра.

Според информациите на медиумите Интер понудил 67 веднаш, а остатокот од сумата би требало да биде исплатен преку бонуси.

Конте пред натпреварот против Јунајтед отворено зборуваше дека Лукаку е фудбалер кој му се допаѓа.

„Ми се допаѓа Лукаку, но тој е играч на Манчестер Јунајтед. Добро го запознав додека бев тренер во Челзи. Го сметам за важен играч. Ја зннаеме нашата ситуација во овој момент и ќе видиме што ќе се случи. Лукаку засега е играч на Манчестер Јунајтед“, изјави Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…