Дома Фудбал Италија Интер е нов шампион на Италија!

Интер е нов шампион на Италија!

Тимот на Интер е новиот шампион на Италија откако го победи градскиот ривал со 2:1 во миланското дерби.

„Нероаѕурите“ на пет кола пред крајот ја освоија јубилејната 20-та титула и тоа пред навивачите на градскиот ривал Милан.

Интер рано дојде во водство со голот на Ачерби, кој остана сам после еден корнер, а до крајот на полувремето имаше шанса и да ја зголеми предноста.

Турам во вториот дел зголеми на 2:0, а конечниите 2:1 го постави Томори на неколку минури пред крајот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Хаосот во Франција продолжува, Дембеле повторно го нападна Мбапе без да му го спомне името

Усман Дембеле продолжува да комуницира индиректно со капитенот на својата репрезентација, …