Дома Фудбал Инзаги стана трет најплатен тренер во Серија А

Инзаги стана трет најплатен тренер во Серија А

Интер вчера го потврди продолжувањето на договорот со тренерот Симоне Инзаги до 2025 година.

47-годишниот стратег со новиот договор така стана трет најплатен тренер во италијанската Серија А. Повеќе платени од него во овој момент во Италија се само Масмилијано Алегри од Јувентус и Жозе Мурињо од Рома.

Инзаги во Интер заработува 5.5 милиони евра по сезона, додека најплатените Алегри и Мурињо добиваат по седум милиони евра годишно.

Зад Изнаги е тренерот на Милан, Стефано Пиоли со четири милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Варела со петица ја измеша Фиорентина – Монца има гол-машина (Видео)

Густаво Варела постигна два гола во победата од 3-0, а со ефектната петица стигна до 11 по…