Дома Фудбал Им се случува и на најдобрите: Фудбалер на Лил си поигра со Модриќ 🎥

Им се случува и на најдобрите: Фудбалер на Лил си поигра со Модриќ 🎥

За разлика од натпреварот против Штутгарт кога со влегувањето на Лука Модриќ во игра Реал Мадрид успеа да го сврти резултатот и да слави победа од 3:1, вчера шпанскиот гигант беше поразен со 1:0 од Лил.

Францускиот претставник славеше победа со голот на Џонатан Дејвид од пенал во судиското продолжение.

На теренот вчера Модриќ влезе во 57. минута, а во продолжение беше виден момент кој не се гледа често. Имено, фудбалерот на Лил Тијаго Сантос кој има 22 години успеа да ја турне топката низ нозете на хрватскиот ветеран и да помине покрај него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Монако го сврте Лион: Вандерсон за пресврт, Балогун за печат на 1-3!

Лион поведе преку Накамура, но Монако одговори со три гола и победи на „Групама“. Двата кл…