Капитенот на Лацио, Чиро Имобиле би можел да лето да го напушти римскиот клуб, пренесуваат медиумите на Апенините.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Имобиле е прва ѕвезда на тимот и еден од најдобрите напаѓачи во Италија, но и самиот е спремен да ја промени средината.
Силен интерес за него покажува Милан, кој веќе бара напаѓач кој ќе може да го наследи Златан Ибрахимовиќ.
Директорот на „росонерите“, Паоло Малдини смета дека Имобиле би бил идеално засилување и веќе остварил контакт со неговиот агент.
Сепак, проблем може да биде цената на трансферот, бидејќи Лацио за неговата слобода бара 60 милиони евра, сума која е превисока за Милан во моментов.