Дома Топ вести „Имам потврда за тоа каде Меси сака да ја заврши кариерата“

„Имам потврда за тоа каде Меси сака да ја заврши кариерата“

Од вчера во медиумите многу се пишува за можното заминување на Лионел Меси од редовите на Барселона.

Во јавноста се појавија информации според кои Меси ги прекинал преговорите со Барселона за нов договор и сака да ги разгледа опциите да ја продолжи кариерата некаде на друго место. Денес се пишуваше за наводните преговори со Манчестер Сити (повеќе тука).

Меѓутоа новинарот на „БеИН Спортс“ Ашраф Бен Ајад кој се смета за релевантен извор тврди нешто поинаку.

„Имам потврда каде Меси сака да ја заврши кариерата, тоа е Барселона. До пред неколку недели постоеше клазула во неговиот договор според која тој можеше да замине бесплатно, меѓутоа Меси воопшто не размислуваше на таа опција. Тој сака Барселона да има успешен проект во наредната сезона, сака и пак да ја освои Лигата на шампионите“.

„Го познавам со години и добро знам како размислува“, изјави новинарот кој на Твитер го следат повеќе од милион луѓе.

Актуелниот договор на Меси му истекува на 30. јуни 2021 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вилијан со писмо се прости од Челзи

Крилниот фудбалер Вилијан го приведува кон крајот својот мандат на „Стенфорд Бриџ“, а нови…