Дома Фудбал Италија Иличиќ поради депресијата ја завршува кариерата?

Иличиќ поради депресијата ја завршува кариерата?

Според последните најави калчо ѕвездата Јосип Иличиќ би можел да ја заврши фудбалската кариера поради проблемите со депресијата.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Иличиќ на почетокот на пандемијата веќе отсуствуваше подол период, потоа се врати, но проблемите повторно му се вратија. Гасперини потврди дека фудбалерот има проблеми, а јасно беше и кога ги пропушти дерби средбите со Лацио и Интер, како и мечот со Венеција. Сега Аталанта не го пријави Иличиќ и за средбите од Лига Европа во пролетниот дел од сезоната.

Тренерот Гасперини претходно изрази надеж дека словенечкиот офанзивец ќе успее да ги надмине проблемите и повторно ќе се стави на располагање. Дека е важен дел од неговиот тим говори и податокот дека одигра 25 натпревари во актуелната сезона.

Во редовите на Аталанта Иличиќ настапува од 2017 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мбапе веќе не е посакуван во Мадрид: Над 12 милиони навивачи сакаат да си замине!

Килијан Мбапе ја изгуби поддршката од бројни навивачи на Реал ширум светот, што доведе до …