Дома Трансфер зона Икарди добил ултиматум од Интер – опции сега нема многу!

Икарди добил ултиматум од Интер – опции сега нема многу!

0
icardi

Мауро Икарди изгледа сега нема многу решенија, дури и кога трансферот е во прашање. Клубот покажа дека со доаѓањето на Марота многу работи се променети.

Интер нема лесно да го пушти, Икарди денес додека екипата на е напт за натпреварот во Лигата на Европа би можел да се врати и да тренира, меѓутоа ќе видиме дали ќе се појави тренинг центарот.

Го чека казна можеби и „ладење“ против Самдорија на “Меаца“.

Интересно е дека Икарди летото одби да плати казна додека доцнеше во „Апијано Џентиле“ на почетокот на припремите.


Следете го Sportski.mk и на


Можеби Икарди сега е спремен да ја спушти топката, но Интер после доаѓањето на Марота не сака да му даде договор поголем од седум милиони евра плус бонуси. После вчерашните случувања јасно е дека Икарди е далеку од нов договор.

icardi vanda

Сега прашање е кој клуб би можел да искочи во прв план.

Според пишувањето на италијанските медиуми Ванда и Икарди се надеваат дека ПСЖ би можел да го замени Кавани, Реал отпаѓа бидејќи наводно го сакаат Лука Јовиќ.

И Јувентус може да постои како опција, Партичи неодамна потврди дека во текот на летото „старата дама“ размислувала за трансферот на Икарди, но потоа се појавил Роналдо. Сега како што се пишува Јувентус би можел да му дозволи на Манџукиќ да замине во Кина и да заработи вистинско бодство, а тие би го купиле Икарди од најголемиот ривал.

Меѓутоа таа опција сега не е изгледа реално и е најмалку веројатна. Во Јувентус не сакаат проблеми во соблекувалната кои може да ги донесе Икарди.

Се споменуваше и Манчестер Јунајтед кој не е задоволен од Лукаку, но Солскјер ја предупредил управата на клубот дека кога се купуваат засилувања додека тој е во клубот ќе мора прво да се гледа карактерот на играчот како што тоа го правеше Сер Алекс своевремено.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Откриено: Бензема бил на чекор од Барселона, но трансферот пропаднал поради бизарна причина

Во летото 2018 година Карим Бензема бил блиску до потпис со Барселона. Пред сезоната 2008/…