Дома Фудбал Лига на шампиони Икарди го објасни волеј голот против Тотенхем (видео)

Икарди го објасни волеј голот против Тотенхем (видео)

Капитенот на Интер, Мауро Икарди после победата против Тотенхем во првото коло од Лигата на шампионите, смета дека неговиот тим може да игра поритв било кого.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Интер се до 86 минута од натпреварот губеше 1:0 од Тотенхем, а потоа Мауро Икарди со фантастичен волеј изедначи на 1:1, за седум минути подоцна Весино да погоди за комплетен пресврт.

Аргентинецот во изјавата после натпреварот прво го објасни својот спектакуларен гол.

„Сите беа во шеснаесетникот, но јас останав, го почуствував Асамоа и бев во право. Денес го направивме она што требаше. Знаеме дека Тотенхем е силен тим, но ние имаме квалитет и можеме да играме против било кого. Ваквите натпревари во Лигата на шампионите носат многу, сепак еден натпревар не значи ништо“, изјави Икарди.

Интер во Лигата на шампионите освен со Тотенхем игра во група со Барселона и ПСВ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Симеоне: Немам сила да продолжам понатаму

АТЛЕТИКО Мадрид уште еднаш остана без титула во Лигата на шампионите, натпреварување што Д…