Дома Топ вести ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Столе Димитриевски потенцијално решение за шпанските гиганти!

ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Столе Димитриевски потенцијално решение за шпанските гиганти!

0

Во шпанските медиуми веќе можат да се пронајдат гласини, како за овој преоден рок, така и за наредниот (летниот).

Шпанските гиганти како Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид би можеле во наскоро да се засилуваат на голманската позиција, а еден од кандидатите за нивно засилување е Столе Димитриевски кој во последно време брани одлично во Ла Лига.

Јан Облак во вчерашниот ден излезе со изјава во јавноста во која тврди дека еден еден сака да игра во Премиер лигата. Облак и претходно на големо се поврзуваше со заминување од Мадрид и тоа многу веројатно ќе се случи.

Во Реал исто така имаат проблеми со голманската позиција, навивачите не се задоволни од Куртоа, додека Кејлор Навас покажуваше незадоволство од седењето на клупа, па еден би требало да замине.

Сличен е проблемот и во Барселона која прима голови оваа сезона (20), Реал Мадрид има три повеќе.

Прво име на листата како потенцијален голман на еден од шпанските гиганти е Фернандо Пачеко кој има 26 години. Интересно е што неговиот Алавас прими само 18 голови (помалку од Реал и Барселона).

Нашиот Столе втор на листата, а зад него следува Давид Сориа кој минатото лето направи трансфер од Гетафе во Севиља.

Ќе потсетиме Димитриевски овој викенд беше и во тимот на колото.

 

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Интер испратил нова понуда за Лукаку: Ќе биде ли доволна?

Интер денес ја испратил веројатно последната понуда за Ромелу Лукаку, барем ако им верувам…