Дома Трансфер зона Изненадување од Шпанија: Барселона го договори Феран Торес!

Изненадување од Шпанија: Барселона го договори Феран Торес!

Барселона и Манчестер Сити се во последна фаза во преговорите за Феран Торес!

Оваа вест силно одекна во Шпанија и тоа доаѓа Ектор Гомез, еден од најпознатите новинари од Валенсија. Гомез важи за нвинар кој е близок со играчите на Валенсија, па така се уште е во контакт со Феран Торес кој минатото лето премина во Манчестер Сити.

Тој тврди дека Барселона и Сити постигнале договор за оштета од 50 милиони евра, а она што никој не му е јасно е од каде се овие пари на Барселона. Како што е познато Барселона е во тешка финансиска ситуација и не е јасно како ќе се реализира трансферот.

Се шпекулира дека директорот на Барселона, Матео Алемани сигурно ќе се ослободи од Кутињо, Умтити и Ленгле, па на тој начин би обезбедил пари за Торес. Валенсија поседува 10% од акциите на 21-годишниот фудбалер и од тие 50 милиони евра ќе треба да добие пет.

Чудно е и што Пеп Гвардиола одлучува да се ослободи од младиот фудбалер после само една година. Се наведува дека пресудила желбата на Торес да се врати во Шпанија, а му било и ветено дека ќе има важна улога во почетокот на новата ера на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал има список од шест таленти за апсолутна доминација

Шпанскиот гигант Реал Мадрид бара засилувања за иднината, а „Марка“ пишува дека веќе е нап…